Author: saso

Лондонски Челзи на официјалната веб-страница го објави трансферот на дефанзивецот Тијаго Силва. Договорот ќе биде активен до крајот на сезоната 2020/2021 со можност за продолжување на уште една година. „Воодушевен сум што се приклучив во Челзи и што сум дел од неверојатниот тим на Френк Лампард за следната сезона. Јас сум тука да се борам за титули. Се гледаме наскоро со навивачите на Челзи. Со нетрпение го очекувам моето пристигнување на „Стемфорд Бриџ“, коментира Силва.

Read More

Златан Ибрахимовиќ потврди дека ќе остане во Милан. „Како што реков, јас само се загревав“, напиша Ибрахимовиќ на својата страница на Инстаграм. Ибрахимовиќ му се придружи на италијанскиот клуб во јануари 2020 година од Лос Анџелес Галакси со слободен трансфер. Минатата сезона Швеѓанецот одигра 18 натпревари за италијанскиот клуб и постигна 10 голови. Ибрахимовиќ играше и за Милан од 2010 до 2012 година, а во 2011 година стана шампион на Италија и го освои Суперкупот на земјата.

Read More

Карате федерацијата на Македонија изминатиот викенд одржа “он лајн” првенство за деца до 15 години во дисциплината кати во машка и женска конкуренција. Истото беше организирано според новонастанатите услови и во согласност со стандардите на Светската Карате федерација (WKF), cпоред пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство, со изведби на отворен простор или пак во домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот. Овој настан е од големо значење кога во време на глобалната пандемија од коронавирусот се откажани сите домашни и меѓународни натпревари на неодредено време.

Read More

Управата на Барселона ќе стори сé што е во нивна моќ да го задржи Лионел Меси во своите редови, објавил техничкиот директор на каталонците, Рамон Планес. Тој за весникот „Марка“ изјави дека нивната идеја била да се изгради нов тим, во чиј врв ќе биде Лео Меси.ж „Ние не ја разгледуваме опцијата за изградба на тим без Меси. Тој е во Барса и ќе направиме се што е во наша моќ тој да остане во клубот”, изјави Планес.

Read More

Манчестер јунајтед започнал преговори за трансфер на Лионел Меси. Според некои пишувања, претставниците на англискиот клуб воделе прелиминарни преговори со таткото на Меси, Хорхе. Засега нема детали од разговорите, но во наредните денови страната на меси очекува да ги слушне сите понуди кои ќе стигнат за него од големите веропски тимови.

Read More

Атлетико Мадрид се интересира за напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет. Шпанскиот клуб се обиде да потпише со поранешниот фудбалер на Олимпик Лион пред три години, но Французинот им се придружи на „топчите“ на Арсен Венгер. Лаказет ја започна кариерата во Арсенал ветувачки, но оваа сезона не го покажа својот целосен потенцијал. Лондончаните сакаат да соберат средства за нови трансфер цели и можат да го жртвуваат напаѓачот за оваа намена. Според Марка, Атлетико е подготвен да го купи играчот, но засега нема конкретна понуда.

Read More

Барселона потврди дека најголемата ѕвезда на тимот, Лионел Меси решил да го напушти клубот, пренесуваат бројни шпански медиуми. Фудбалерот доставил барање по пошта во кое информира дека негова желба е да ја напушти Барселона, но клубот нема да се откаже така лесно. Бартомеу наводно вечерва свикал итен состанок на Бордот со намера да вложи напори да го убеди да остане. Беше објавено дека играчот одлучил да ја искористи опцијата во договорот, што му овозможува да го раскине истиот еднострано на крајот на секоја сезона.

Read More

Големата sвезда на Барселона, Лионел Меси се очекува да ја објави својата иднина до крајот на денот. Според каталонскиот новинар Микел Бласкез, аргентинскиот суперстар веќе ја донел својата одлука. Дописникот од Каталонија тврди дека Меси е решен да го напушти „Камп Ноу“ и својата кариера да ја продолжи во друг клуб. Бласкез тврди дека „сите досегашни информации укажуваат во таа насока“ и многу е веројатно дека авантурата на Меси со Барса да заврши оваа 2020 година.

Read More

Ѕвездата на Олимпик Лион, Усем Ауар, летово размислува за трансфер во Јувентус. Тимот на Арсенал беше единствениот што досега достави понуда за 22-годишниот играч од средниот ред, кој, сепак, нема желба да замине во тимот на Микел Артета. Според информациите, ПСЖ и Манчестер Сити исто така го следат и Французинот.

Read More

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло објави дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ќе го напушти клубот од Торино. „Зборував со Игуаин. Тој е личност на која и се восхитувам. Помина важен период од својата кариера во Јувентус и се покажа како одличен фудбалер. Но, решивме дека нашите патеки мора да одат на друг начин. Разговаравме детално и дојдовме до заедничка одлука“, изјавил Пирло. Игуаин има 66 голови и 16 асистенции на 149 настапи за Јувентус.

Read More