Барселона потврди дека најголемата ѕвезда на тимот, Лионел Меси решил да го напушти клубот, пренесуваат бројни шпански медиуми.
Фудбалерот доставил барање по пошта во кое информира дека негова желба е да ја напушти Барселона, но клубот нема да се откаже така лесно. Бартомеу наводно вечерва свикал итен состанок на Бордот со намера да вложи напори да го убеди да остане.
Беше објавено дека играчот одлучил да ја искористи опцијата во договорот, што му овозможува да го раскине истиот еднострано на крајот на секоја сезона.