Големата sвезда на Барселона, Лионел Меси се очекува да ја објави својата иднина до крајот на денот. Според каталонскиот новинар Микел Бласкез, аргентинскиот суперстар веќе ја донел својата одлука.
Дописникот од Каталонија тврди дека Меси е решен да го напушти „Камп Ноу“ и својата кариера да ја продолжи во друг клуб. Бласкез тврди дека „сите досегашни информации укажуваат во таа насока“ и многу е веројатно дека авантурата на Меси со Барса да заврши оваа 2020 година.