Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло објави дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ќе го напушти клубот од Торино.
„Зборував со Игуаин. Тој е личност на која и се восхитувам. Помина важен период од својата кариера во Јувентус и се покажа како одличен фудбалер. Но, решивме дека нашите патеки мора да одат на друг начин. Разговаравме детално и дојдовме до заедничка одлука“, изјавил Пирло.
Игуаин има 66 голови и 16 асистенции на 149 настапи за Јувентус.