Крилото на Интер, Иван Перишиќ, сè уште не знае каде ќе игра во следната сезона, откако „нероаѕурите“ го понудија Хрватот на Баерн Минхен и на Тотенхем.
Перишиќ одигра импресивна сезона на „Алијанц Арена“, што ги испровоцира Баварците да се вратат со понуда за трајно да го купат играчот. Сепак, двата клуба во моментов не успеваат да се договорат за цената. Италијанците очекуваат околу 15 милиони евра, додека германскиот шампион нуди 12.

