Откако не успеаја да го договорат Кавани од ПСЖ, челниците на португалска Бенфика тргнаа по потписот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста. Весникот „А Бола“ денеска пишува дека Коста има реални шанси да се пресели во Лисабон.
Според изворот, Коста е приоритетна трансфер цел на Бенфика. Коста игра за Атлетико Мадрид уште од 2018 година. Во сезоната 2019/2020 шпанскиот напаѓач учествуваше на 23 натпревари на Примера, постигна 5 гола и имаше 4 асистенции.