Словенечката ѕвезда во составот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, во првиот натпревар од НБА плеј-офот со Лос Анџелес Клиперс постигна 42 поени, зачинети со 7 скока и 9 асистенции.
Дончиќ со тоа постави нов рекорд во НБА-историјата за најмногу постигнати поени во деби-натпревар во плеј-офот. Покрај тоа, Дончиќ стана првиот кошаркар кој постигнал најмалку 40 поени во своето плеј-оф деби во кариерата.
Лука Дончиќ стана 4-от најмлад играч кој има постигнато 40+ поени во плеј-оф натпревари низ историјата на НБА. Пред него останаа Меџик Џонсон кој тоа го направи на 20 години, 276 дена, Леброн Џејмс (двапати, со 21 година, 119 дена и 21 година, 124 дена), додека Лука тоа постигнување го има со 21 година, 171 дена.