Унијата на тренери во НБА ги прогласи Мајк Буденхолцер и Били Донован за најдобри во својата професија оваа година. Тренерот на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер и првиот стратег на Оклахома Сити, Били Донован, се носители на ласкавите признанија за оваа година. Трет во изборот на струката во НБА лигата беше тренерот на Торонто Рапторс, Ник Нурс, кој имаше само еден глас помалку од победниците. Во изборот гласаат секој од 30-те тренери на НБА-екипите.
Author: saso
Само ден по спуштањето на завесата на тековното првенство, падна одлуката за стартот на новата сезона во Серија А. Вчера падна договор со преставниците на клубовите околу терминот за почеток на новата сезона. Серија А соопшти дека дефинитивната одлука е – 19 септември. Ова е датум што го избра Серија А што е за една недела подоцна, од првично прогнозираниот план. Завршницата на сезоната ќе се случи на 23 мај.
Раководството на Интер сè уште не донело одлука дали ќе го задржи на тренерското место Антонио Конте и за следната сезона. Според новинарот Фабрицио Романо, судбината на специјалистот ќе зависи од перформансите на тимот во Лигата на Европа. Претходно Конте имал телефонски разговор со претседателот на клубот и дозна дека неговата иднина ќе биде јасна по завршувањето на сезоната со настапите во Европа. За Конте се вели дека има заладен однос со газдите на Интер. Тој не е среќен што водечките фактори во клубот не ги штитат играчите од критиките на медиумите. Ако двете страни не се согласат, поранешниот италијански…
Луис Хамилтон ја оствари третата победа во четвртата трка во Ф1 шампионатот оваа сезона. Денеска на Британското ГП на Силверстоун, Хамилтон тргна како прв и до крајот не дозволи изненадувања. Клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас беше втор се до два круга предкрајот на трката, кога му пукна левата предна гума и го загуби второто место. Во последниот крг истото му се случи и на Хамилтон, но предноста пред Ферстапен во последниот круг беше преголема, околу 30 секунди и успеа без едно тркало да го извози кругот и да дојде до победата. Второто место му припадна на Ферстапен, додека како…
Тимот на Шкупи претстави уште едно засилување за новата натпреварувачка сезона, а тоа е 19-годишниот Фират Гулу. Се работи за играч кој бил дел од младинските категории на Галатасарај и ја носел капитенската лента, играч кој има 50 настапи за младите селекции на Турција, играч кој скоро еден месец беше на тест во Шкупи и ги задоволи вкусовите на тренерот Бајрами, па потпиша тригодишен договор со клубот од Чаир. -Се преселив од Галатасарај во Шкупи, прво сакам им се заблагодарам на сите луѓе, раководството и тренерот што ми дадоа шанса да бидам дел од клубот. Свесен сум дека доаѓам во…
Барселона се согласи да го продаде играчот од средниот ред Иван Ракитиќ во Севиља, пренесува „Мундо Депортиво“. Според изворот, каталонскиот клуб сака да добие 10 милиони евра за 32-годишниот Хрват. Самиот фудбалер сака да ја заврши кариерата во тимот од Андалузија, каде играше од 2011 до 2014 година. Во сезоната 2019/20, Ракитиќ забележа 41 натпревар за Барселона, постигнувајќи 1 гол и оствари 4 асистенции.
Тотенхем е на пат да го обезбеди потписот на напаѓачот на Ватфорд, Трој Дини. Ватфорд е подготвен да ги продаде Дини особено што оваа сезона не успеа да се задржи во Премиер лигата. 32-годишниот фудбалер е предмет на интерес за Мурињо, но за него се интересира и новајлијата ВБА. Преговорите меѓу двете страни треба да почнат следнава недела.
Џани Инфатино ќе остане претседател на ФИФА и додека против него се води кривична истрага, изјавија од седиштето на Светската куќа на фудбалот за „Асошиејтед прес“. Швајцарскиот специјален обвинител во четвртокот започна кривична истрага за Инфантино во врска со неговите состаноци со главниот обвинител на земјата, кој ја истражува корупцијата во фудбалот. Етичкиот комитет на ФИФА се соочи со повици да го суспендира Инфантино. „Претседателот на ФИФА е предмет на кривична истрага од швајцарското судство, но тој не е обвинет или прогласен за виновен. ФИФА и нејзиниот претседател ќе продолжат да соработуваат со швајцарското судство сè додека не бидат завршени…
Искусниот полски интернационалец Камил Глик е нов член на италијанскиот тим Беневенто. Досегашниот член на екипата на Монако, за кого Полјакот одигра преку 120 мечеви, заминува во екипа каде ќе биде големо засилување со оглед на искуството. Претходно Глик настапуваше за екипите на Торино, Бари и Палермо во овој шампионат, а интересно е што трансферот на полските медиуми им го откри неговата сопруга Марта во едно утринско шоу.
Една тенисерка пријавена за игра на Палермо опен имала позитивен тест на корона вирусот и се повлекла од турнирот, потврдија организаторите на првиот ВТА турнир од почетокот на март. ВТА турнејата потврди дека тенисерката нема симптоми, но дека ќе остане во изолација додека не се испочитуваат сите протоколи. Организаторите одбија да го потврдат името на тенисерката. Сите други тенисерки биле сместени во истиот хотел пред стартот на турнирот во понеделник.
