Раководството на Интер сè уште не донело одлука дали ќе го задржи на тренерското место Антонио Конте и за следната сезона. Според новинарот Фабрицио Романо, судбината на специјалистот ќе зависи од перформансите на тимот во Лигата на Европа.
Претходно Конте имал телефонски разговор со претседателот на клубот и дозна дека неговата иднина ќе биде јасна по завршувањето на сезоната со настапите во Европа.
За Конте се вели дека има заладен однос со газдите на Интер. Тој не е среќен што водечките фактори во клубот не ги штитат играчите од критиките на медиумите. Ако двете страни не се согласат, поранешниот италијански репрезентативец може да си замине.