Само ден по спуштањето на завесата на тековното првенство, падна одлуката за стартот на новата сезона во Серија А.
Вчера падна договор со преставниците на клубовите околу терминот за почеток на новата сезона. Серија А соопшти дека дефинитивната одлука е – 19 септември.
Ова е датум што го избра Серија А што е за една недела подоцна, од првично прогнозираниот план. Завршницата на сезоната ќе се случи на 23 мај.