Кошаркарот на Индијана, Виктор Оладипо, по се изгледа ќе мора да го пропушти вториот натпревар од плејофот со Мајами, поради повреда на окото.
Играчот беше принуден да го напушти теренот во првата четвртина од првиот меч меѓу овие два тима, кој се одигра синоќа, откако беше удрен со прст во левото око.
Пејсерси подоцна известија дека Оладипо морал да оди во болница во Орландо. Засега е под знак прашалник настапот на вториот меч, но лекарите веруваат дека повредата ќе биде санирана до крајот на неделава.

