Хозеп Марија Оробиг, агент на фудбалерите на Барселона, Серхио Бускетс и Серхи Роберто, изјави дека нема најави од клубот дека планира да се раздели со неговите клиенти.
Според неговата изјава за радиото Кадена Копе, никој од управата на Барса не го известил дека Бускетс и Роберто ќе бидат поставени на трансфер листа.
Според Оробиг, двајцата играчи ќе продолжат да играат за Каталонците следната сезона. Договорот на Роберто е со важност до јуни 2022 година, а на Бускетс до јуни 2023 година.