Пандемијата на коронавирусот зададе големи удари врз буџетите на фудбалските клубови. Информациите за финансиските загуби доаѓаат од ден на ден, а Борусија Дортмунд денеска ги потврди информациите дека клубот е во минус за рекордни 44 милиони евра.
Шампионатот во Бундеслигата беше суспендиран во март, а потоа продолжи без навивачи. Сето ова донесе големи загуби, особено ако знаеме дека Борусија имаше најголема поддршка од навивачите.
„Периодот на работење од десет години заврши позитивно. Отсекогаш сме биле финансиски позитивни, но коронавирусот пристигна и смени сè“, посочи директорот на Борусија, Јоахим Вацке.
Тој додаде дека приходите од спонзорства, телевизиски права и трансфери се намалени и дека позитивна страна се приходите од рекламирање и нови спонзори.