Екипата на Клуж ја победи во Крајова со 3:1 на гости и стана стар-нов шампион на Романија. Клуж ја освои шестата титула во Лига 1 на Романија и се изедначи по бројот на титули со екипата на Арад.
Клуж почна да се враќа во височините на романскиот фудбал по 2008 година, кога тимот спонзориран од Арпад Паскани ја освои првата титула. Следеа шампионските наслови во 2010 и 2012 година, што го направи ЦФР Клуж еден од најдобрите во лигата во последната деценија.