Бразилецот Даглас Коста имаше проблеми со повреди минатата сезона, и иако има уште двегодишен договор со Јувентус, неговите денови во Торино се чини дека се одбројани.
Веќе е јасно дека новиот тренер Андреа Пирло јасно му кажал на Коста дека не смета повеќе на него, и дека може да си бара нов клуб. 29-годишниот играч би можел да ја продолжи кариерата во Англија, откако денеска се појавија информации дека за него се загреа менаџерот на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ веќе се во контакт со Јувентус и преговараат за цената на евентуалниот трансфер. Јувентус е подготвен значително да ја намали цената за Коста, и да го ослободи за околу 40 милиони евра. За Јунајтед веројатно нема да биде проблем да ја плати таа сума, но сигурно е дека ќе се обидат да ја намалат уште малку.