Ливерпул нема да добие никакви финансиски бонуси од Барселона за настапот на напаѓачот Филипе Кутињо во Баерн Минхен, пренесува „Тајмс“. Деновиве с епојавија информации дека доколку Бразилецот ја освои Лигата на шампионите со германскиот клуб во кој игра на позајмица од Барселона, Ливерпул ќе добие бонус од 5 милиони евра, според клаузула од договорот за негов трансфер во Барселона.
Од каталонскиот клуб појаснија дека овие плаќања се поврзани само со настапите на Кутињо во Барселона.