Трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Ј. е на одличен пат да биде комплетиран веќе оваа недела. Новинарот Фабрицио Романо, на Твитер објави дека Борусија (Д) денеска им дала краен рок на Англичаните до 10 август да ја прифатат последната поставена цена за младиот напаѓач – 108 милиони фунти.
Солскјер инсистира на доведување на Санчо за сметка на Грилиш од Астон Вила. Преговорите течат со месеци, а конечната одлука ќе се чека неделава.