Иако се уште нема официјална одлука од УЕФА, повеќе од извесно е дека натпреварот од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Македонија и Косово, ќе се одигра пред празни трибини.
Според календарот на УЕФА полуфиналниот бараж дуел ќе се игра на 8 октомври на Националната Арена „Тодор Проески“. Според „Л’Екип“, УЕФА размислува за вакво сценарио и се очекува во најскоро време и официјално да ја потврди оваа одлука.
Исто така УЕФА донесе одлука поради пандемијата на коронавирусот, репрезентативните активности во септември и октомври во кои Македонија ќе игра во новото издание на Лигата на Нации да се одиграат исто така пред празни трибини.