Македонската Прва фудбалска лига започнува на 9. август. Во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени паровите за новата натпреварувачка сезона од 1МФЛ. Во премиерното коло од сезоната 2020/21 ќе играат: Шкупи – Шкендија Македонија Ѓ.П. – Работнички Беласица – Силекс Пелистер – Академија Пандев Вардар – Борец Ренова – Струга Трим Љум
Author: saso
Организаторите на Австралија опен планираат да го организираат претстојниот турнир, кој ќе биде целосно безбеден, со многу помал број гледачи. Крег Тајли, првиот човек на австралискиот тенис, внимателно ја следи ситуацијата со УС Опен и Ролан Гарос, но веќе знае како ќе изгледа првиот турнир во 2021 година. „Одлуката ја донесовме оваа недела и одиме со тоа сценарио. Посетата нема да можеме да ја оствариме како што беше минатата година, тоа е рекорд од 821.000 гледачи. Фановите ќе бидат од Мелбурн и државата Викторија, остатокот од Австралија и евентуално Нов Зеланд, доколку не постојат ограничувања. Оние 15 проценти од публиката,…
Лејтон Бејнс синоќа го потврди своето пензионирање од професионалниот фудбал на 35-годишна возраст по 13 години на теренот и 420 настапи за Евертон. Дефанзивецот ја објави одлуката по последниот пораз на „карамелите“ на домашен терен од екипата на Бурнемаут, во кој доби шанса да ги одигра последните 20 минути, откако влезе како замена од клупата во 70. минута на мечот. Бејнс го заврши договор на крајот на оваа сезона и покрај тоа што клубот му понуди шанса да го продолжи за 12 месеци, тој ја донесе одлуката да се повлече.
35-годишниот италијански дефанзивец Џорџо Киелини е единствениот играч што играл во сите 9 последователни сезони на Јувентус и деветтпати по ред го освојува Скудетото. Киелини дојде во Јувентус во 2005 година, откако премина од Фиорентина за 7,7 милиони евра. Од тогаш помина 15 години во клубот и одигра 510 натпревари за „бјанконерите“, станувајќи 9 пати шампион на Италија, 4-кратен освојувач на Купот на Италија и Супер Купот, како и освојувач на титулата шампион на италијанската Серија Б во сезоната 2006/2007.
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го пофали Кристијано Роналдо за неговиот настап оваа сезона и уделот кој го имаше во шампионската титула. Во сезоната 2019/2020 година, Сари ја освои својата прва титула во Серија А, откако минатото лето дојде во Торино од екипата на Челзи. “Тој секогаш имал неверојатни квалитети и тоа го докажува на секој натпревар. Тоа е во неговата ДНК. Тој има можност да се позиционира точно таму каде ќе оди топката за да го постигне својот следен гол. Тоа се случува секој пат. Неговите физички и психолошки квалитети го прават навистина уникатен. Кога зборуваме за Кристијано Роналдо и…
33-годишниот бразилски дефанзивец од екипата на Арсенал, Давид Луиз постави антирекорд во Премиер лигата. На натпреварот против Ватфорд, тој по петтипат оваа сезона предизвика пенал против Арсенал, кој го реализираше Трој Дин. Досега никој во Премиер лигата не направил повеќе од четири пенали во една сезона. Давид Луиз е клучен играч на Арсенал во одбраната оваа сезона. Учествуваше на 42 натпревари на сите турнири за „топчиите“, а на 14 од нив екипата заврши со „празна мрежа“.
Британскиот тенисер Енди Мареј најверојатно ќе настапи на УС Опен. Исто така, поранешниот прв рекет има намера да игра на Мастерсот во Њујорк, што ќе се одржи пред Гренд Слем турнирот. Според информациите, Мареј не планира да ги моли организаторите за вајлд-карта за настап, туку е подготвен да игра квалификации за место на главниот турнир. По враќањето на терените по пандемијата со коронавирусот Енди учествуваше на егзибициски турнир во Велика Британија каде стигна до полуфиналето.
Јувентус од синоќа и официјално ја запечати својата 9-та последователна и 36-та вкупна титула во италијанскиот фудбалски шампионат. Овој пат „Старата дама“ не погреши како на дуелот со Удинезе (1:2) во минатото коло, и дојде до посакуваната победа од 2:0 над Сампдорија. Со неа, великанот од Торино обезбеди предност од недостижни 7 бода пред второпласираниот Интер и на две кола пред крајот ја обезбеди новата титула. Иако не го одиграа својот најдобар натпревар, избраниците на Маурицио Сари ги однесоа бодовите со головите на Кристијано Роналдо во 45-тата минута и на Федерико Бернардески во 67-та минута. Сари се запиша во историјата…
Франк Лампард не беше премногу разочаран по синоќешниот пораз на Челзи од Ливерпул, за кого имаше посеба порака по синоќешниот меч. „Јас немам проблем со Клоп, тој одлично се однесуваше во дадените ситуации. Секоја чест за Ливерпул и за титулата, но не треба да бидат арогантни“, им порача менаџерот на Челзи.
Новото засилување за екипата на АЕК Ларнака, нашиот Стефан Спировски, постигна прекрасен гол на вчерашниот контролен меч меѓу неговиот тим и екипата на Докса. Спировски погоди од преку 30 метри во мрежата на Дамјан Шишковски, кој е инаку голман на екипата на Докса. АЕК славеше со 2:0, а Спировски беше автор на вториот гол.
