Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го пофали Кристијано Роналдо за неговиот настап оваа сезона и уделот кој го имаше во шампионската титула. Во сезоната 2019/2020 година, Сари ја освои својата прва титула во Серија А, откако минатото лето дојде во Торино од екипата на Челзи.
“Тој секогаш имал неверојатни квалитети и тоа го докажува на секој натпревар. Тоа е во неговата ДНК. Тој има можност да се позиционира точно таму каде ќе оди топката за да го постигне својот следен гол. Тоа се случува секој пат. Неговите физички и психолошки квалитети го прават навистина уникатен. Кога зборуваме за Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, зборуваме за играчи кои имаат вкупно 41 гол за време на оваа сезона“, вели Сари.