35-годишниот италијански дефанзивец Џорџо Киелини е единствениот играч што играл во сите 9 последователни сезони на Јувентус и деветтпати по ред го освојува Скудетото.
Киелини дојде во Јувентус во 2005 година, откако премина од Фиорентина за 7,7 милиони евра. Од тогаш помина 15 години во клубот и одигра 510 натпревари за „бјанконерите“, станувајќи 9 пати шампион на Италија, 4-кратен освојувач на Купот на Италија и Супер Купот, како и освојувач на титулата шампион на италијанската Серија Б во сезоната 2006/2007.