Лејтон Бејнс синоќа го потврди своето пензионирање од професионалниот фудбал на 35-годишна возраст по 13 години на теренот и 420 настапи за Евертон.
Дефанзивецот ја објави одлуката по последниот пораз на „карамелите“ на домашен терен од екипата на Бурнемаут, во кој доби шанса да ги одигра последните 20 минути, откако влезе како замена од клупата во 70. минута на мечот.
Бејнс го заврши договор на крајот на оваа сезона и покрај тоа што клубот му понуди шанса да го продолжи за 12 месеци, тој ја донесе одлуката да се повлече.