Само ден откако Натан Аке стана ново засилување за дефанзивата на Манчестер Сити, од Англија стигнува информација дека Гвардиола го става на продажба Џон Стонс.
Досегашниот дефанзивец на „граѓаните“ нема да биде во плановите на Пеп за новата сезона и затоа оди на продажба. 26-годишниот Стонс би можел да се пресели во Вест Хем каде повторно ќе работи со Дејвид Мојес, но само доколку „чеканите“ се подготвени на Сити да му платата 20 милиони фунти.