Италијанската Фиорентина го продолжи договорот со актуелниот тренер Бепе Јакини. 56-годишниот специјалист ќе ги завршеше обврските кон клубот со последниот меч во првенството, но сега му се дава можност да работи во клубот и наредната сезона.
Јакини го презеде тимот на 23 декември минатата година, кога го наследи Винченцо Монтела, кој беше отпуштен поради лоши резултати. Во сезоната Јакини успеа да го подигне тимот до 10. место, откако претходно беше во зоната за испаѓање.