Барселона почна да го подготвува тимот за следната сезона, а според шпанските весници прв на листата на посакувани нови засилувања е крилниоот фудбалер на Челзи, Вилијан.
Бразилецот сигурно го напушта лондонскиот тим ова лето, а како слободен фдубалер може да бира меѓу неколку понуди. Покрај Барселона, за Вилијан интерес има и од Интер од Милано, но и од екипата на Интер Мајами од МЛС лигата, чиј сопственик е Дејвид Бекам.
Шпанска „Марка“ верува дека Барселона е во најдобра позиција за Бразилецот, а и тој самиот истакнал дека преферира да остане во Европа.