Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски и во следните две сезони ќе го носи дресот на АЕК Ларнака. Како што потврдија од клубот утрово, Тричковски и управата на кипарскиот тим постигнале договор за нова соработка.
Тричко дојде во АЕК Ларнака пред четири и пол години. Досега тој има комплетирано вкупно 163 настапи во кои постигна 67 гола и е прв стрелец во историјата на клубот.