Американскиот спринтер Мајкл Норман успеа да направи нешто што пред него му успеа само на Јужноафриканецот Вајде ван Никерк.
22-годишниот спринтер истрча 100 метри за помалку од 10 секунди, на 200 метри за помалку од 20 и на 400 метри за помалку од 44 секунди.
Норман е од Сан Диего, некогаш најдобар јуниор во светот на 200 метри и член на златната американска штафета на 400 метри.
Тој успеа да истрча одлични 43,45 на 400 метри на почетокот од минатата сезона, меѓутоа, на Светското првенство во Доха беше целосно разочарување, откако беше елиминиран во полуфиналето.
Норман ги изненади сите оваа сезона, трчајќи 100 метри во Форт Ворт за 9,86.