Аријан Адеми е пред потпис со унгарскиот првак Ференцварош, пишуваат денеска унгарските и хрватските медиуми. Адеми најави дека сака да остане во Динамо и во следниот период, но очигледно летово унгарски Ференцварош може да го промени неговиот став.
Претседателот на Ференцварош најавил дека во тимот доаѓа „големо засилување“, а новинарите веќе открија дека станува збор за Адеми.