Тиаго Мендеш ќе ја започне својата авантура како тренер во Виторија Гимараеш. Екс-фудбалерот на Атлетико (М) ќе потпише договор со португалскиот тим до 30 јуни 2022 година.
39-годишниот португалски интернационалец ќе го замени Иво Виера н атренерското место, откако минатата сезона, португалскиот клуб заврши на седмото место на табелата, не можејќи да се квалификува за европските натпреварувања. Мендеш досега нема сениорско тренерско искуство, бидејќи работеше со помладите категории во Валенсија.