Утре во просториите на РФМ ќе се одржи извлекувањето на групите за новата сезона од домашната Супер лига во машка конкуренција. Следната сезона во најсилното ракоментно натпреварување ќе има 16 екипи, но меѓу нив нема да бидат Вардар и Е. Пелистер, кои ќе ја прескокнат првата фаза од првенството, поради настапите во СЕХА Лигата.
Другите 14 екипи ќе бидат поделени седум шешири.
Прв шешир: Металург и Охрид
Втор шешир: Т. Пролет и Бутел Скопјe,
Трет шешир: Радовиш и Е. Пелистер 2
Четврти шешир: Струга и Работнички
Петти шешир: Астраион и ГРК Тиквеш
Шести шешир: КЛ7 и Прилеп
Седми шешир: Јуниор Кисела Вода и Младост.
Со ждрепка ќе биде одредено кој тим во која група ќе игра. Првата фаза од првенството опфаќа 14 кола, а потоа првите три екипи од двете групи, заедно со Вардар и Е. Пелистер ќе формираат нова плеј-оф група за шампион и излез во Европа, додека другите екипи ќе формираат плеј-аут лига од која шест клуба ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување.