Шефот на Мерцедес, Тото ВолФ, ги сподели своите очекувања од претстојното Гран-при на Унгарија, истакнувајќи дека неговите пилоти ќе се соочат со тешка борба со Ред Бул, бидејќи австриските болиди изгледаат добро во бавни свиоци. „Следната трка во Унгарија ќе се одвива според сосема различно сценарио од трките во Австрија и очекуваме тешка битка. Хунгароринг секогаш му е во полза на Ред Бул. Оваа година тие повторно ја покажаа својата сила во бавни свиоци, па затоа ќе биде многу тешко да ги победиме. Со оглед на промените во календарот во сезоната 2020, Хунгароринг треба да стане патека со максимална моќност“,…
Author: saso
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ја премина границата од 200 гола во клупската кариера. Тој постигна два гола на дуелот со Њукасл синоќа, во победата на лондончани на гости од 3:1. Кејн веќе има 201 гола на 350 официјални натпревари. 26-годишниот Кејн има 185 голови за лондончани, а другите голови ги постигна на почетокот на неговата кариера во периодот 2010-2013 година, кога играше за Лејтон Ориент, Милвол и Лестер Сити. Напаѓачот има и 32 гола на 45 натпревари за репрезентацијата на Англија.
Традиционалниот струшки ракометен турнир оваа година ќе се одржи од 12 до 16 август. Организаторите го потврдија терминот за еден од најстарите ракометни турнири во регионот, кој поради пандемијата со коронавирусот годинава нема да има интернационален карактер. Според најавите, сите осум екипи кои треба да настапат поделени во две групи ќе бидат од Македонија. Според испратените покани се очекува на турнирот кој ќе се одржи без присуство на публика да се појават Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел, Пролет, Прилеп и домаќинот Струга. Трофејот минатата година го освои грчки АЕК.
Фудбалерите на Порто со синоќешната победа над Спортинг од 2:0 ја обезбедија 29. титула во клупската историја. Бенфика се уште е најтрофејниот клуб во Португалија, има осум трофеи повеќе од Порто, но „змаевите“ успеаја да се вратат на тронот, токму од таму симнувајќи го најтрофејниот клуб во земјата. Порто на „Драгао“ дојдоа до победа со головите што ги постигна во второто полувреме. Переира погоди во 64, а Марега ја заврши победата во 91 минута. Спортинг постигнаа гол преку Шпорар во првото полувреме кој беше поништен. Порто на табелата има недостижни 79 бода, осум повеќе од Бенфика, додека Спортинг останаа на…
Јувентус синоќа против Сасуоло водеше со 2:0, но домашните не се предадоа и до крајот се изборија за реми од 3:3. На пет кола пред крајот на првенството Јувентус има седум бода предност пред Аталанта, која и натаму не се откажува од идејата да го напад не врвот. Јуве не знае за победа на три средби едноподруго, па Маурицио Сари веројатно треба да биде загрижен за формата на тимот. „Игравме против тимови кои се во одлична форма и Сасуоло не е исклучок. Победија на четири натпревари во низа и ако се консолидираат можат во иднина да станат нова Аталанта“, изјави…
Новото засилување на унгарски МТК од Будумпешта, Бојан Миовски, кој одлично ги започна подготовките во новиот клуб, каде уште на стартот ги покажа своите голгетерски способности, ја повреди задната ложа. Тоа значи дека Миовски сега ќе мора да оди на неколкунеделна пауза, па по терапијата ќе се врати на редовните клупски обврски.
Англискиот шампион Ливерпул покажува сериозен интерес за правата на играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, пишува Спорт Билд. Според изворот, „црвените“ од Ливерпул се подготвени да платат 20 милиони евра, но Баерн сака двојно повеќе – 40 милиони. Шпанецот бара договор на 4 години, но Баварците понудија му понудиле договор на 3+1 година. 29-годишниот фудбалер ја одби понудата, тврдејќи дека ќе бара нов предизвик.
Дефанзивниот играч од средниот ред на Атлетико (М), Томас Парти ќе потпише нов договор со шпанскиот елитен фудбалски клуб. Платата на 27-годишниот репрезентативец на Гана ќе биде двојно зголемена, а неговата откупна клаузула ќе се зголеми од 50 на 100 милиони евра. Парти е младинец на Атлетико, а во последните три сезони стана клучна фигура во средниот ред на „јорганџиите“. Во досегашната сезона тој одигра 44 натпревари со 3 гола и 1 асистенција.
Раководството на Премиер лигата денеска официјално објави дека преодниот рок за следната сезона ќе биде од 27. јули до 5. октомври. Во тој временски период ќе може да се купуваат, продаваат и регистрираат нови играчи што се однесува до најсилната фудбалска конкуренција во Англија. Овој преоден рок ќе се однесува и на Чемпионшип лигата.
Светското првенство во Катар ќе почне на 21 ноември во 11 часот по средноевропско време, а ќе заврши со финалето на 18 декември од 16 часот. Домаќинот Катар, кој за прв пат ќе настапи на еден Мундијал, ќе го отвори првенството против засега непознат противник на стадионот „Ал Бајт“ во градот Ал Хор пред 60 илјади гледачи на 21 ноември 2022 година во натпревар кој ќе почне во 13 часот по локално време. ФИФА денеска го објави целосниот календар за овој Мундијал за кој квалификациите допрва треба да се одиграат, а беа прекинати поради пандемијата со коронавирусот. Мундијалот во Катар…
