Раководството на Премиер лигата денеска официјално објави дека преодниот рок за следната сезона ќе биде од 27. јули до 5. октомври. Во тој временски период ќе може да се купуваат, продаваат и регистрираат нови играчи што се однесува до најсилната фудбалска конкуренција во Англија.
Овој преоден рок ќе се однесува и на Чемпионшип лигата.