Фудбалерите на Порто со синоќешната победа над Спортинг од 2:0 ја обезбедија 29. титула во клупската историја. Бенфика се уште е најтрофејниот клуб во Португалија, има осум трофеи повеќе од Порто, но „змаевите“ успеаја да се вратат на тронот, токму од таму симнувајќи го најтрофејниот клуб во земјата.
Порто на „Драгао“ дојдоа до победа со головите што ги постигна во второто полувреме. Переира погоди во 64, а Марега ја заврши победата во 91 минута. Спортинг постигнаа гол преку Шпорар во првото полувреме кој беше поништен.
Порто на табелата има недостижни 79 бода, осум повеќе од Бенфика, додека Спортинг останаа на третата позиција со 59.