Шефот на Мерцедес, Тото ВолФ, ги сподели своите очекувања од претстојното Гран-при на Унгарија, истакнувајќи дека неговите пилоти ќе се соочат со тешка борба со Ред Бул, бидејќи австриските болиди изгледаат добро во бавни свиоци.
„Следната трка во Унгарија ќе се одвива според сосема различно сценарио од трките во Австрија и очекуваме тешка битка. Хунгароринг секогаш му е во полза на Ред Бул. Оваа година тие повторно ја покажаа својата сила во бавни свиоци, па затоа ќе биде многу тешко да ги победиме. Со оглед на промените во календарот во сезоната 2020, Хунгароринг треба да стане патека со максимална моќност“, вели Волф.