Традиционалниот струшки ракометен турнир оваа година ќе се одржи од 12 до 16 август. Организаторите го потврдија терминот за еден од најстарите ракометни турнири во регионот, кој поради пандемијата со коронавирусот годинава нема да има интернационален карактер.
Според најавите, сите осум екипи кои треба да настапат поделени во две групи ќе бидат од Македонија. Според испратените покани се очекува на турнирот кој ќе се одржи без присуство на публика да се појават Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел, Пролет, Прилеп и домаќинот Струга.
Трофејот минатата година го освои грчки АЕК.