Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ја премина границата од 200 гола во клупската кариера.
Тој постигна два гола на дуелот со Њукасл синоќа, во победата на лондончани на гости од 3:1. Кејн веќе има 201 гола на 350 официјални натпревари.
26-годишниот Кејн има 185 голови за лондончани, а другите голови ги постигна на почетокот на неговата кариера во периодот 2010-2013 година, кога играше за Лејтон Ориент, Милвол и Лестер Сити.
Напаѓачот има и 32 гола на 45 натпревари за репрезентацијата на Англија.