Јувентус синоќа против Сасуоло водеше со 2:0, но домашните не се предадоа и до крајот се изборија за реми од 3:3. На пет кола пред крајот на првенството Јувентус има седум бода предност пред Аталанта, која и натаму не се откажува од идејата да го напад не врвот. Јуве не знае за победа на три средби едноподруго, па Маурицио Сари веројатно треба да биде загрижен за формата на тимот.
„Игравме против тимови кои се во одлична форма и Сасуоло не е исклучок. Победија на четири натпревари во низа и ако се консолидираат можат во иднина да станат нова Аталанта“, изјави Сари.
„На моменти чувствувам дека овој тим има огромен потенцијал, а на моменти останувам збунет бидејќи прелесно му дозволуваме на противникот да влезе во шеснаесетникот. Мораме да пронајдеме рамнотежа, а тоа не е лесно“, смета италијанскиот стратег.