Дефанзивниот играч од средниот ред на Атлетико (М), Томас Парти ќе потпише нов договор со шпанскиот елитен фудбалски клуб.
Платата на 27-годишниот репрезентативец на Гана ќе биде двојно зголемена, а неговата откупна клаузула ќе се зголеми од 50 на 100 милиони евра.
Парти е младинец на Атлетико, а во последните три сезони стана клучна фигура во средниот ред на „јорганџиите“. Во досегашната сезона тој одигра 44 натпревари со 3 гола и 1 асистенција.