Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фудбалерите на Вардар си заминуваат: Доста е веќе со лагите и ние имаме семејства!
    Фудбал

    Фудбалерите на Вардар си заминуваат: Доста е веќе со лагите и ние имаме семејства!

    sasoBy saso18/07/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По вчерашната најава за тотален распад на ФК Вардар, со оглед на големата финансиска криза во клубот, денеска со свој став се јавија и фудбалерите. Тие со соопштение се обратија до јавноста и навивачите на клубот.

    „Почитувана македонска и спортска јавност. Ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето спрема фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај. Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај не разочара сите и не остави на цедило. Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес, имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме. Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги не можеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина. Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај. Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете го што побрзо за доброто на цела Македонија. ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ“, пишува во соопштението од фудбалерите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.