Претседателот на Боливиската фудбалска федерација, Сезар Луис Салинас, почина од компликации предизвикани од коронавирусот. Ова го соопшти прес-службата на организацијата.
Болеста е дијагностицирана и кај неговата сопруга, но е асимптоматска.
На 9 јули 58-годишниот Салинас беше примен во болница со тешка форма на грип. Два дена подоцна, неговиот тест за коронавирус беше позитивен. Потоа, неговата состојба се влоши и тој беше ставен на респираторна машина.