Водечките шпански спортски весници „Марка“ и „АС“ објавија дека Унаи Емери потпишал преддоговор со Виљареал уште во март, пред да избие пандемијата на коронавирус, и тој треба да ја води екипата од следната сезона.
До крајот на сезоната, Виљареал стигна до петтата позиција и освои место во Лигата на Европа следната сезона.
„Не знам каква е мојата иднина во Виљареал, но имам јасна совест затоа што дадов се за да го извлечам најдоброто од овој тим. Клубот треба прво да разговара со мене, јас имам договор и тие треба да ги потврдат или негираат овие наводи“, изјави актуелниот тренер на „жолтата подморница“, Калеха.