Некогашниот светскиот шампион со Германија од 2014 година, Андре Ширле повторно е слободен агент. Иако неговиот договор со Борусија Дортмунд важеше до летото 2021 година, во договор со челниците на клубот двете страни ја раскинаа соработката.
Според италијанските медиуми, новиот италијански прволигаш Беневенто, веќе покажа голем интерес за германскиот офанзивен играч и ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и да го доведе во тимот за следната сезона.
Во последните три сезони, 29-годишниот Ширле се бореше да се врати во својата стара форма, а среќата ја испроба на позајмица во Фулам и во Спартак Москва.

