Андре Ширле, светскиот шампион со Германија од 2014 година објави крај на фудбалската кариера и тоа на 29 години. Ширле со својата одлука ја шокираше јавноста затоа сигурно можеше да игра уште неколку години, иако кариерата му е во драстичен пад последните неколку години.
Ширле за селекцијата на Германија одигра 57 меча и постигна 22 гола, а на Мундијалот во Бразил асистираше до Геце за победничкиот погодок. Неодамна тој доби отказ од Борусија Дортмунд, и иако имаше понуди, реши да заврши со фудбалот.