Кике Сетиен нема да го напушти кормилото на Барселона по завршувањето на сезоната. По последниот состанок со управата, било донесено решение Сетиен да остане предводник на каталонците, се до дефинитивно решение за тренерското место.
Синоќа Сетиен бил на состанок со претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, разговарале за неговата иднина, а клучен за неговата иднина на „Камп Ноу“ по се изгледа ќе биде мечот со Наполи во Лигата на шампионите.