Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани може да се врати во Италија. Според „Спорт890“, Рома му понудила на Уругваецот договор со одлични услови и солидна плата.
Кавани има активен договор со парискиот клуб кој истекува на 1 јули, што значи дека како слободен играч може без отштета да се пресели во Рим.
Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Кавани одигра 22 натпревари, постигна 7 гола и имаше 3 асистенции.