Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон не можеше да ги најде вистинските зборови за да го опише „момент кој никогаш нема да го заборави“, откако Ливерпул математички го потврди освојувањето на титулата синоќа.
„Не сакав да зборувам за ова сè додека не заврши. Феноменално е конечно да се премине линијата и јас сум многу среќен за сите играчи, навивачи, сите во клубот и во градот. Во моментов сум полн со емоции и навистина сум горд на тоа што го направивме“, изјави капитенот на Ливерпул.
Целиот тим на Ливерпул го гледаше натпреварот меѓу Челзи и Сити заедно.
„Кога ја освоивме Лигата на шампионите, бевме на теренот. Беше сосема поинаква емоција и искуство. Кога натпреварот заврши, имавме можност да славиме заедно. Ова е уште еден момент во нашите животи што никогаш нема да го заборавиме”, вели Хендерсон.

