Младиот албански дефанзивец Мараш Кумбула најверојатно се сели во Лацио. Иако на Апенините со денови се зборува дека за Кумбула има огромен интерес кај Јувентус и Интер, тој веќе го одбрал својот нов клуб.
Интер и Јувенус веќе подолго време водеа преговори со неговиот агент, но во моментов најблиску до неговиот потпис е Лацио. Раководството на Лацио имало состанок со колегите од Верона, а „Скај Италија“ тврди дека двете страни се практично пред договор кој ќе врфеди околу 20 милиони евра.