Фудбалерите на Ливерпул од синоќа и официјално се новите шампиони во Премиер лигата, бидејќи нивниот прв конкурент за првото место Манчестер Сити синоќа загуби од Челзи со 2:1. Со тоа Ливерпул ја освои титулата, прва по 30 години чекање.
„Црвените“ од „Енфилд“ имаат 86 бода на 7 кола пред крајот на сезоната, додека нивниот главен конкурент и сега веќе поранешниот шампион Манчестер Сити има 23 бода помалку.
Ливерпул својата последната титула ја освои во сезоната 1989/90. кога екипата од клупата ја предводеше Кени Далглиш. Оттогаш, најблиску до првиот трофеј во Премиер лигата, „црвените“ беа минатата сезона кога екипата на Јирген Клоп собра неверојатни 97 поени, но Сити на тренерот Пеп Гвардиола освои еден бод повеќе.