За првпат во својата кариера, Кристијано Роналдо загуби две последователни финалиња во куп-натпреварувања на клупско ниво. Синоќа неговиот Јувентус на пенали беше поразен од Наполи во финалниот меч од Италијанскиот куп, а претходно го загуби и Супер Купот на Италија. Роналдо синоќа имаше еднаубава шанса за гол уште во првото полувреме, но не успеа да погоди. Во пенл-серијата не успеа да дојде на ред да шутира, бидејќи до петта серија не дојде, откако неговите соиграчи имаа две промашувања во првите четири обиди.
Author: saso
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа му се израдува на првиот трофеј во кариерата, откако со Наполи го го совлада Јувентус во финалето на Купот. Македонецот, кој доби шанса во финишот на мечот и имаше огромна шанса за гол, по мечот се огласи на социјалните мрежи. „Прв трофеј во кариерата и тоа со специјален тим, ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот од долга серија трофеи!“ – гласеше пораката на Елиф Елмас.
Ролан Гарос ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври и тоа со присуство на публика, изјави претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гуидичели. Првично, Ролан Гарос традиционално беше закажан за крајот на мај, но прво беше одложен за периодот од 20 септември до 4 октомври поради пандемијата на коронавирус, а потоа и една недела подоцна. Гуидичели потврди дека билетите по се изгледа ќе излезат во продажба кон крајот на јуни или почетокот на јули.
Баерн (М) има намера да го испрати сериозна понуда до Реал (М) за потписот на дефанзивецот на Борусија (Д), Ашраф Хакими , кој е настапува на позајмица во „жолто-црните“. Според извори на весникот, Хакими е една од главните трансфер цели на клубот од Минхен за следниот трансфер прозорец. Баерн е подготвен да му понуди на 21-годишниот играч плата од 6 до 7 милиони евра годишно. И покрај фактот дека Хакими не е вклучен во плановите на главниот тренер на Реал, Зинедин Зидан за следната сезона, Реал Мадрид нема да го пушти играчот за сума помала од 60 милиони евра.
Сопствениците на Мекларен размислуваат да продадат малцински удел во тимот за да се спасат од финансиската криза која ги тресе во периодот на пандемијата со коронавирусот. Оваа иницијатива треба да му помогне на тимот да ги добие потребните дополнителни средства за надминување на кризата. Доколку биде одобрено од одборот на директори на компанијата, Мекларен може да продаде околу 30% од акциите на тимот во износ од неколку милиони фунти. Поради пандемијата почетокот на сезоната во Формула 1 беше одложен повеќе од три месеци. Стартот на истата сега е закажан на 5 јули.
42-годишниот италијански стратег, Џенаро Гатузо, го освои првиот трофеј во својата тренерска кариера. За да го стори тоа, му беа потребни само 17 средби на чело на Наполи. Наполитанците го освои куп-трофејот по шестипат и најавија една успешна епизода во продолжението од тековната сезона. На патот до финалето, Наполи ја совладаа Перуџа (2:0), Лацио (1:0) и Интер (1:0, 1:1), и го освои својот прв трофеј по пауза од 6 години. Последен пат куп пехарот беше во витрините на клубот во 2014 година, кога Наполитанците беа предводени од Шпанецот Бенитез.
Вечерва од 21 часот на „Олимпико“ во Рим екипите на Наполи и Јувентус влегуваат во финалната битка за Куп-трофејот. По реваншите со Интер и Милан одиграни пред само неколку дена, финалистите денеска влегуваат во нова 90. минутна пресметка за првиот трофеј оваа сезона во Италија. Според најавите на италијанскиот печат, Џенаро Гатузо во голема мера ќе го задржи стартниот тим од дуелот со Интер и за вечерва, со тоа што најверојатно Фабијан Руиз сега е доволно подготвен за да може да почне како стартер во средбиот ред, што ќе значи дека Елмас ќе мора да остане на клупата за резерви.…
И покрај пандемијата на коронавирусот, Катар успеа да ја заврши изградбата на уште еден стадион, кој ќе се користи како домаќин на СП во 2022 година. Објектот беше посветен на сите здравствени работници во борбата против КОВИД-19. Стадионот, именуван како Education City Stadium, има капацитет од 40.000 места, а нивниот број ќе биде преполовен по првенството. Стадионот е трет што е целосно комплетиран, а до крајот на годинава, организациониот одбор вети дека ќе претстави уште два најсовремени објекти. 🏟️ La organización de Catar 2022 anunció la finalización del impactante Education City Stadium, ubicado en la ciudad de Al Rayyan y…
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, постави рекорд за брзина на трчање на натпреварот од 32-то коло на германското првенство синоќа со Вердер. 19-годишен Канаѓанец кој подоцна поради два жолти картони беше исклучен од игра, успеа да достигне брзина од 36,51 км на час. Претходно, најбрз играч во германското првенство беше мароканскиот дефанзивец од Борусија Дортмунд Ашраф Хакими, кој има трчано со брзина од 36,49 км на час. Во тековната сезона, 19-годишниот Алфонсо Дејвис, проценет на 45 милиони евра, одигра 37 средби за Баерн Минхен, во кои постигна 3 гола и 8 асистенции.
Македонската ракометна репрезентација, вчера во Виена ги доби противиците за следниот циклус квалификации за ЕП 2022 година. ЕХФ веќе го утврди и возниот ред во овој квалификациски циклус, кој Македонија ќе го почне на 4 или 5 ноември на домашен терен против селекцијата на Финска, која ја добивме од условно најслабиот, четвртти шешир. Потоа не очекува гостување во Швајцарија, а за следната година во март и двомечот со Данска. 04/05.11.2020 Македонија – Финска 07/08.11.2020 Швајцарија – Македонија 10/11.03.2021 Македонија – Данска 13/14.03.2021 Данска – Македонија 28/29.04.2021 Финска – Македонија 02.06.2021 Македонија – Швајцарија
