42-годишниот италијански стратег, Џенаро Гатузо, го освои првиот трофеј во својата тренерска кариера. За да го стори тоа, му беа потребни само 17 средби на чело на Наполи.
Наполитанците го освои куп-трофејот по шестипат и најавија една успешна епизода во продолжението од тековната сезона. На патот до финалето, Наполи ја совладаа Перуџа (2:0), Лацио (1:0) и Интер (1:0, 1:1), и го освои својот прв трофеј по пауза од 6 години. Последен пат куп пехарот беше во витрините на клубот во 2014 година, кога Наполитанците беа предводени од Шпанецот Бенитез.